Стоилковић: Ванредно стање, без ванредног стања!

Реакција председника Демократске партије Срба у Македонији поводом актуелног питања око договорања датума за изборе у Македонији, његов Фејсбук статус преносимо у целости:

“Еве уште еден промашен датум за избори, почнавме со 14.јуни, па 21, 28.јуни, а еве и 5.јули како можен датум се покажува не само за нереален, туку и неостварлив. Од повеќе причини, првата е секако несериозната лицитација со датумот на избори на Зоран Заев, заради која помеѓу другото и дополнително се обремени и отежна борбата против пандемијата и втората. затоа што се
уште се манипулира со уставната положба на Престседателот на Републиката.

Дури и од самиот Претседател, пред се заради тесно партијски интереси ја запостави проблематичната состојба врска со јавното здравство предизвикано од вирусот, па наместо одложувањето на изборите да биде заради објективни причини, а тие се сериозното загрозување на јавното здравје, односно драматичниот пораст на заболените од Ковид-19 се бараат изговори кои итоа и не се.

Недостатокот на политичкиот дијалог, се прикрива со тнр. Уредбата на Владата, која и не е спорна пред се заради фактот дека со нова Уредба старата престанува да постои, па така и роковите поврзани со нејзиното спроведување.

Сите овие настани не вратија на почетните позиции, а тие се несозреаноста на политичките елити да најдат компромис по одредени прашања за кои истиот е неопходен услов, дури и законски отелотворен со изборот на тнр. Пржинска Влада па така повторно државата ја доведовме во состојба второстепени политичари од ЕУ и амбасадори да ни помагаат во определувањето на датумот за избори, што секако е поразително за земја која е во очекување на реален датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Незрелоста оди дотаму, се прави обид, се блефира, дека ќе се навлезе во изборен процес кој нема да биде инклузивен и кој нема да биде со сите актери на политичката сцена, поготово на партија или коалиција која има повисок рејтинг од владеачката партија или коалиција и која ќе победи на наредните парламентарни избори и на тој начин дополнително се загрозува меѓународната позиција на државата и доведува во прашање недобиениот датум за почеток на преговорите.”

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Follow by Email